Што изгласаа, а се криеше од вас: Не се „мигранти“, туку „работници“ за стратешки проекти – Ќе можат ли да дојдат и криминалци и осудувани лица?
Со ова законско решение се определуваат условите под кои странските државјани можат да престојуваат и работат во Македонија.
Во измените на Законот за странци усвоен во Собранието, се наведува дека може, за стратешките проекти кои се реализираат врз основа на посебен закон, да биде дозволен престој на странски државјани кои работат на тие проекти.
Во старото законско решение, членот 83 предвидуваше дека:
Член 83
(1) Привремен престој заради работа ќе се одобри врз основа на барање на странецот, правното лице со кое странецот треба да склучи договор за вработување или од него овластен претставник, кое може да се поднесе и во Министерството за внатрешни работи.
(2) Привремен престој заради работа ќе се одобри ако Агенцијата издаде позитивно мислење дека странецот ги исполнува условите согласно со закон, доколку со ратификуван меѓународен договор поинаку не е определено.
(3) Мислењето од ставот (2) на овој член, Министерството за внатрешни работи го обезбедува по службена должност согласно со закон.

Во новото законско решение, донесено од Собранието на Република Македонија, се додава нов член, „83-а“, со кој дозвола се добива и врз основа на ангажираност за работа на стратешки проекти.

Со овие измени се менува и потребата за докажување на неосудуваност на работниците кои би дошле да работат на стратешки проекти во државава и се укинува потребата странецот да има средства за престој, односно, се имплицира дека државата ќе му обезбеди средства.
Пред измените, членот 72 гласеше:
(1) На странец му се одобрува привремен престој во Република Северна Македонија, ако:
– има средства за издржување, односно издржувањето му е обезбедено на друг
законски начин,
– има обезбедено сместување или има средства за сместување,
– има здравствено осигурување,
– ги исполнува условите предвидени за одделни видови на привремен престој
утврдени во членот 71 од овој закон,
– не претставува закана за јавниот поредок, националната безбедност, јавното
здравје или за меѓународните односи на Република Северна Македонија,
– е неосудуван во државата чиј државјанин е и во државата во која престојува на безусловна казна затвор во времетраење подолго од 6 (шест) месеци за кривично дело кое се гони по службена должност и
– не се води кривична постапка против странецот во државата чиј државјанин е или во државата во која престојува и од која го поднесува барањето за одобрување на приврмен престој за кривично дело за кои е предвидена казна затвор во времетраење подолго од 6 (шест) месеци кое се гони по службена должност.
Измените гласат:

Практично, за да работи на стратешките проекти, во Македонија ќе може да биде донесен човек против кој се води кривична постапка и е осудуван.
Британските медиуми претходно во неколку наврати објавија дека Македонија е потенцијален примател на одбиени баратели на азил во Обединетото Кралство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што изгласаа, а се криеше од вас:…
Со ова законско решение се определуваат условите…
Уставниот суд да ја укине неуставната Резолуцијата,…
Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата…
913.000 барања за азил во ЕУ во…
Во 2024 година, речиси 913 000 луѓе…
СДСМ: Граѓаните го видоа предавството на Македонија…
„Граѓаните го видоа предавството на Македонија, овде,…
Најниската просечна годишна плата во Европа е…
Најниската просечна годишна плата на вработен во…