Што се случи со платите после 3 протести и 3 блокади?

t

Објава на Фејсбук на Сојузот на синдикати на Македонија

Што се случи со платите после 3 протести и 3 блокади?

ССМ од почетокот на годината заради изразување на незадоволство од ниските плати на работниците, како и поради игнорантскиот однос кон барањето за зголемување на минималната плата организираше три протести и три блокади на институциите.

На првиот протест одржан на 28 Јануари на улица излегоа помеѓу 13.000 и 15.000 работници со барање минималната плата и зголемување на останатите плати.

По одржување на протестот, се организираа три блокади на институциите, а блокирани беа Собранието, Стопанската комора и Владата.

На 14 Март повторно на улица, нов протест на близу 10.000 работници, барањата исти.

На 1 Мај, работниците по трет пат излегоа на улица на протест под мотото ,,За плата се бориме, не се молиме”

Во меѓувреме, Синдикатот за култура организираше 2 протести пред Министерството за култура и пред Уставниот суд заради нападот на Колективниот договор за култура со цел негово укинување.

●Владата и работодавачите останаа глуви на барањето за зголемување на минималната плата на 600 евра и истата, без кворум, без согласност од ССМ но со поддршка на останатите синдикати ја усогласија за 1.667 денари во нето износ.

●Иако не беше предвидено, после протестите, вработените во МВР добија усогласување на нивната плата за 1.667 денари во нето износ, онолку колку што се усогласи минималната плата.

● По големиот протест на 28 Јануари, наредниот ден на 29 Јануари, на барањето на УПОЗ за утврдување на додаток за плата од 30% на 3.000 вработени за што се преговараше и протестираше една година, понуда за зголемување на платите на 11.000 вработени во управата и правосудството за околу 40% во период од 25 месеци од кои првото зголемување на платите изнесува од 12% до 14% во зависност од работното место.

● Во Култура 6,8% зголемени плати.

● Во образование 7,5% зголемени плати.

● Во здравство 6% зголемени плати

● Во поголем број на Општини помеѓу 3.000 и 5.000 денари во нето износ

● Во над 80 % од Јавните комунални претпријатија платите се зголемија согласно порастот на просечната плата за најмалку 9,6%

● АРМ и некои други дејности во јавниот сектор 0%

● Вработените во јавниот сектор имаат право на плата согласно Општиот колективен договор за јавен сектор кој предвидува методологија – просечна плата по коефициент за сложеност (или од март 2026 година зголемување за 9,6%)

● Во приватниот сектор, во 70 – 80% од претпријатијата во кои работниците се синдикално организирани во ССМ, платите се зголемија помеѓу 2.000 и 12.000 денари во нето износ.

●Во компаниите во приватниот сектор каде што работниците не се синдикално организирани се уште нема податоци, освен кај работниците со плата под 26.046 денари колку што изнесува новата минимална плата.

Заклучок е дека платите најчесто се усогласуваат или зголемуваат со усогласувањето на минималната плата, па така ако таа се зголемеше за 6.000 денари, работниците ќе добиеја најмалку 6.000 денари зголемување на нивните плати, а некаде на тоа плус зголемување за % кој синдикатите членки на ССМ го обезбедија преку Колективните договори.

Во Македонија според податоците на Управата за јавни приходи, минатата година имало околу 530.000 работници, од кои плата под 31.200 денари примале над 1/3 од нив, а плата под 600 евра над 50% од нив!

Се додека работниците не разберат дека во нив е силата, а нивното непочитување дека се искажува на улица, со протести и штрајкови, се дотогаш и Власта и газдите ќе бидат здружени против нив.

Еден работник можеби не може да промени ништо, но заедно работниците можат да променат се ! – стои во објавата на ССМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што се случи со платите после 3…

Објава на Фејсбук на Сојузот на синдикати…

„За плата се бориме, не се молиме!“…

Зад паролата „За плата се бориме –…

Рботнички протест денес во Скопје

Денес со почеток во 11 часот по…

Левица го поддржува протестот на работниците и…

Застапувајќи ги интересите на сопствените спонзори, десничарската…

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје…

Утре (01.05.2026) со почеток во 11.00 часот…