Штрајк во Терминал Прилеп – Работниите седум месеци не земале плата!

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов и Претседателот на СУТКОЗ Стојанче Кашиковски денеска беа на штрајкот на вработените во Терминал ДООЕЛ Прилеп поради 7 неисплатени плати.
Вработените во Терминал ДООЕЛ Прилеп основан од ЈКП Комуналец Прилеп под надлежност на Општина Прилеп, 7 месеци се оставени без денар плата и без здравствено осигурување.
Работниците во изминатиот период одржуваа неколку протести и два предупредувачки штрајкови, по што одлучија да ја активираат Одлуката за штрајк и нема да отстапат се додека не се исплатат заостанатите плати.
Ги повикуваме двајцата заменици министри, четворицата пратеници од Прилеп веднаш да се ангажираат и да го решат овој голем проблем на овие 8 работници.
Ги повикуваме Градоначалникот на Општина Прилеп како раководството на ЈКП Комуналец Прилеп веднаш да обезбедат исплата на платите со што ќе се овозможи непречено функционирање на Терминалот поради тоа што доколку не се реши проблемот, ќе се предизвикаат и дополнителни проблеми со шпедитерите и непреченото функционирање на царинскиот терминал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Штрајк во Терминал Прилеп – Работниите седум…
Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов и Претседателот…
Заменик-градоначалникот на Прилеп гради дивоградба, уништува споменик…
Заменик-градоначалникот на Прилеп гради дивоградба, уништува споменик…
Зградата на Општина Прилеп е ДИВОГРАДБА! –…
*Објава на Фејсбук на Зоран Милошески: -…
Напаѓачот кој застрела социјална работничка во Прилеп…
Мажот кој денеска пукаше и рани социјална…
ПУКАЊЕ ВО ПРИЛЕП! Една жена е ранета!
Денеска околу 14 часот пред Центарот за…