Шукова: Трајно решение за бездомните животни ќе биде дел од мојата програма за Скопје

t

Кандидатката на СДСМ за градоначалник на Скопје, Каја Шукова, денес оствари средба со активисти за заштита на животни, со цел да најде трајно решение за проблемот со бездомните животни во градот.

„Верувам дека ова е прашање на цивилизациска зрелост – наместо привремени мерки, потребен е систем што ќе функционира 24 часа,“ истакна Шукова. Таа најави зголемување на капацитетот на стационарот „Лајка“ и воведување на постојана деноноќна служба, со цел грижата за животните да не зависи од работното време.

Покрај тоа, Шукова најави воспоставување на комунална полиција под капа на Град Скопје, која веднаш ќе реагира на терен и ќе санкционира несовесни сопственици и злоупотреби. „Само со контрола и доследна примена на законот можеме да имаме трајни резултати,“ подвлече таа.

Кандидатката за градоначалник нагласи дека ќе ги прифати најдобрите предлози од заедницата на љубителите на животни и заедно со институциите и граѓаните ќе создаде систем што ќе биде хуман, одговорен и ефикасен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шукова: Трајно решение за бездомните животни ќе…

Кандидатката на СДСМ за градоначалник на Скопје,…

Вучиќ: Понудата за дебата со студентите останува…

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека неговата…

Експлозии и пожар во магацини во Хамбург,…

Голем пожар избувна попладнево на југот на…

Хигиеничар од поликлиниката „Чаир“ се повредил на…

60-годишен човек, вработен како хигиеничар во поликлиниката…

Претседателот на Јужна Кореја: Само Трамп може…

Јужнокорејскиот претседател Ли Џае-мјунг денес изјави во…