Објавено на:

Ѓорческа по историскиот успех: Можеби доаѓам од мала земја, но ние сите имаме огромно спортско срце

t

Лина Ѓорческа го постигна најголемиот успех на македонскиот тенис, откако обезбеди место на главниот турнир на најпрестижниот Гренд слем турнир, Вимблдон. По големиот успех, нашата тенисерка истакна дека ова е остварување на сонот.

„Горда и среќна сум за сите овие денови на Вимблдон. Доаѓам од мала земја и горда сум што сум единствената во историја, и во машка и во женска конкуренција, која се изборила за место на главниот турнир. Ова за мене е остварување на сонот. Не е лесно да си од мала држава, поради целата логистика, условите за тренинг и финансискиот дел. Но, кога ќе стигнеш тука, даваш 100 проценти од себе за да успееш, а на крајот сето тоа носи резултат. Можеби доаѓам од мала земја, но ние сите имаме огромно спортско срце.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорческа по историскиот успех: Можеби доаѓам од…

Лина Ѓорческа го постигна најголемиот успех на…

Австралиската полиција почнува нова истрага за смртта…

Австралиската полиција ќе ги преиспита околностите околу…

Нови тензии во НАТО: Трамп тврди дека…

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одржа…

(Видео) Француската морнарица врши инспекција на руски…

Француската морнарица пресретна и врши инспекција на…

(Видео) Зголемен е бројот на исчезнати по…

Според веб-страницата формирана по разорните земјотреси, каде…