Ѓорѓиевски: Во Скопје ќе бидат поставени 2.600 нови контејнери, градот го враќаме во нормала
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вели дека приоритет во неговиот мандат е воспоставување функционален систем во градот и подобрување на комуналните услуги, оценувајќи дека Скопје со години се соочувало со сериозни инфраструктурни и организациски проблеми.
Тој во емисијата „Вин-Вин“ посочи дека уште пред да ја преземе функцијата бил свесен за финансиската состојба на градот, за загубите во водоводната мрежа и за недостатокот на соодветна инфраструктура.
„Бев апсолутно свесен во што влегувам уште пред да станам градоначалник на градот Скопје. Знаев какви се состојбите во сите населени места, но и бев свесен за финансиската состојба и за загубите на вода затоа што немаме точен подземен катастар“, изјави Ѓорѓиевски.
Според него, целта е да се изгради систем кој нема да зависи од политичките околности и ќе обезбеди редовно функционирање на градските услуги.
„Нешто што недостасува долги години во Скопје е да се изгради систем кој нема да зависи од милоста на централната власт. Досега немавме систем и сега го градиме“, рече тој.
Како една од клучните мерки за подобрување на јавната хигиена, Ѓорѓиевски најави поставување на 2.600 нови контејнери низ градот.
„Еве сега обезбедуваме 2.600 контејнери, а во изминатите 10 години вкупно не е обезбедена толкава бројка“, нагласи градоначалникот.
Тој додаде дека во одредени делови од градот недостасуваат основни услови за нормално собирање на отпадот, посочувајќи дека само во општина Чаир недостигаат околу 180 контејнери, што придонесува за создавање диви депонии.
Ѓорѓиевски оцени дека состојбата со одржувањето на јавните површини, зеленилото и комуналната хигиена е подобрена во споредба со претходниот период и најави продолжување на инвестициите во механизација и опрема за градските служби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓиевски: Во Скопје ќе бидат поставени 2.600…
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вели дека…
Зеленски за ЛГБТ правата: Ние сме модерни…
Володимир Зеленски рече дека правата на ЛГБТ+…
Американскиот претседател Доналд Трамп тврди: САД сакаа…
Еве ја поправената верзија каде Доналд Трамп…
Се активираше сензор за опасни материјали: Проблем…
Пентагон денес беше затворен, а дел од…
„Албанија не е на продажба“, масовен протест…
Илјадници Албанци излегоа на улиците на главниот…