Ѓорѓиевски: Обезбедено е специјално возило за потребите на Противпожарната бригада од Скопје
Обезбедено е специјално возило за потребите на Противпожарната бригада од Скопје, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
– Противпожарната бригада на Град Скопје добива специјално навално противпожарно возило, кое значително ќе ги зајакне капацитетите за брза, ефикасна и професионална интервенција на терен.
Станува збор за возило наменето за гасење пожари во урбана средина, како и за технички интервенции, со можност за транспорт на екипа од 5 пожарникари.
Возилото е производство на MAN, со цистерна за вода со капацитет од 6.000 литри и пумпа со нормален и висок притисок.
Опремено е и со витло од 60 метри, што овозможува брз одговор во критични ситуации, особено во густо населени делови од градот и на локации каде што секоја секунда е важна.
Дополнително, возилото располага со комплет противпожарни арматури за гасење пожари во урбани услови, како и со монитор-млазница со далечинска контрола, наменета за гасење пожари со висок интензитет.
Оваа вредна донација од општествено одговорна компанија за што сакам да се заблагодарам, е силен пример дека кога институциите, приватниот сектор и заедницата дејствуваат заедно, добиваат граѓаните.
Во мојата визија за Скопје, модернизацијата на Противпожарната бригада која години е запоставена, е еден од важните приоритети.
Нашите пожарникари се тивките херои на градот, луѓе кои не прашуваат кога е тешко, туку први влегуваат таму од каде што е најкритично.
Тие заслужуваат современа опрема, подобри услови за работа и силна институционална поддршка.
Затоа, следува сериозен влог во нивната безбедност, подготвеност и ефикасност, затоа што секое ново возило, секој нов капацитет и секоја подобра алатка значат поголема заштита за животите, домовите и имотот на скопјани.
Продолжуваме со создавање побезбеден, поорганизиран и пофункционален град за сите. – објави Ѓорѓиевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓиевски: Обезбедено е специјално возило за потребите…
Обезбедено е специјално возило за потребите на…