Ѓорѓиевски: Одлична вест за скопјани, заврши тендерската постапка за набавка на нови автобуси!
Со огромно задоволство ве информирам дека штотуку остварив телефонски разговор со министерот за транспорт, Александар Николоски, кој ме извести дека успешно завршила тендерската постапка и јавното наддавање за набавка на 100 нови еколошки автобуси за градот Скопје!
Сакам да упатам искрена и огромна благодарност до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, како и до министерот Aлександар Николоски за силната и како никогаш досега запаметена поддршка што ја даваат на Скопје и на скопјани.
Ова е историски чекор кон сериозна обнова на возната флота на ЈСП „Скопје“ и почеток на нова ера во јавниот градски превоз – помодерен, почист, побезбеден и подостоинствен за скопјани.
Избрана е компанијата „Икарус“, во соработка со ЕВН Македонија.
Од денес започнува десетдневниот рок за жалби, по што следуваат потпишувањето на договорот и почетокот на процесот за испорака на автобусите во Скопје.
За само неколку месеци докажавме дека кога постојат волја, посветеност и вистинска поддршка – нема невозможни работи!
Кога се сака, сѐ се може!
Скопје го правиме заедно. По скопски! – напиша Орце Ѓорѓиевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Светлана Колариќ нов Претседател на Советот на…
Општина Кисела Вода доби нов Претседател на…
Ѓорѓиевски контpa урбаната мафиja: За Paсадник ќе…
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,…