Ѓорѓиевски: Темелно чистење на кејот на реката Вардар
Во рамки на тековните активности за уредување на јавните површини и подобрување на хигиената во градот, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја информира јавноста за интензивното чистење и одржување на кејот на реката Вардар.
Во продолжение ја пренесуваме неговата изјава во целост:
„Се чисти кејот на реката Вардар
Континуирано се врши темелно чистење на кејот на реката Вардар, заедно со нејзиното корито.
Екипите на јавните претпријатија во координирана и организирана акција, ги расчистуваат пешачките и велосипедските патеки – сè она што со години беше занемарено и што создаваше слика недолична за нашиот град, конечно станува дел од минатото.
Ова одржување ќе биде трајна практика.
Кејот ќе се чисти секојдневно, бидејќи скопјани и сите гости на нашиот град заслужуваат убава, уредена и чиста метропола.
Вардар, скопскиот бисер, повторно ќе го носи својот сјај, онаков каков што му доликува“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓиевски: Темелно чистење на кејот на реката…
Во рамки на тековните активности за уредување…
Хаос пред парламентот во Белград – опозицијата…
Ново политичко вриење во Србија: пратеници од…
Словенија ќе ги признава возачките дозволи на…
Словенија усвои измени на Законот за возачи,…
Фон дер Лајен: Европа ќе биде покрај…
Украина се бори за нејзината безбедност, слобода…
Сијарто: Ќе ѝ помогнеме на Србија со…
Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија,…