Јаневска: Грип не се добива само на училиште, туку и на скијање
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, даде целосна поддршка на одлуката второто полугодие од учебната година да започне на 20 јануари.
Таа истакна дека оваа одлука е неопходна бидејќи македонските ученици до 15-годишна возраст веќе имаат 900 наставни часови помалку во споредба со меѓународните стандарди.
Според Јаневска, сите релевантни истражувања потврдуваат дека поголемата редовност во наставата е директно поврзана со повисоки успеси на учениците.
Во однос на загриженоста за ширењето на вируси, министерката децидно порача дека грип не се добива само на училиште, туку и дома, на улица или за време на скијање.
„Друго – грип не се добива само на училиште, се добива и дома, и на улица, и на скијање. Така да, доколку има потреба, сигурна сум дека Министерството за Здравство ќе реагира“, рече Јаневска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јаневска: Грип не се добива само на…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска,…
На Јаревски слабо му оди економија: Би…
Во вечерашната емисија „Директно“ зборуваше Тони Јаревски,…
Македонија вечерва против Романија за пласман во…
Македонската ракометна репрезентација вечерва од 18 часот…
Заканата од 200% царини ги сруши акциите…
Богатството на Бернар Арно, најбогатиот човек во…
Утре облачно време со повремени локални врнежи…
Времето утре ќе биде облачно со повремени…