Јаневска: За возачка дозвола е доволно основно образование, нудиме бесплатни можности
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека за полагање возачки испит е доволно минимално, односно завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува бројни можности кои граѓаните, вклучително и припадниците на ромската заедница, треба да ги искористат.
Изјавата следува по протестите на граѓаните кои бараат да бидат ослободени од обврската за полагање возачки испит поради неписменост.
Јаневска порача дека институциите располагаат со сериозни механизми за подобрување на образовната состојба и дека фокусот на МОН е насочен кон нивна поголема вклученост во образовниот процес.
Таа потенцираше дека образованието е бесплатно и за лица кои ја надминале редовната училишна возраст, при што преку Центарот за образование на возрасни можат да се вклучат во образовниот процес до 25, односно до 29 години.
Дополнително, таа информираше дека МОН ангажира и финансира околу 40 ромски медијатори, со цел да се зголеми опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
„Често се случува децата да бидат запишани, но да не посетуваат настава и предвреме да го напуштат образовниот процес. Затоа, улогата на медијаторите е клучна за задржување на децата во училиштата“, нагласи министерката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јаневска: За возачка дозвола е доволно основно…
Министерката за образование и наука Весна Јаневска…
,,Моето дете е во гроб” – емотивни…
Прекин на рочиштето и потресни сцени го…
Денеска нови претреси во објекти за марихуана…
Полицијата денеска повторно спроведува претреси на неколку…
Филипче за протестите за возачки дозволи: Власта…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор…
Зајкова од Брисел: За македонскиот јазик и…
Либерално-демократската партија информира дека претседателката на ЛДП,…