Јаневска: Има доставено детално разработено упатство за постапување по дојави за бомби во училиштата

t

Упатството за постапување по дојави на бомби е доработено во детали и е доставено до сите училишта, но Министерството за образование и наука (МОН) нема информација како се постапува во училиштата.

– Постои несоодветна комуникација меѓу институциите односно меѓу врвните институции на државата со оние што се наоѓаат под неа. Како што министрите имаат обврска, така и градоначалниците и директорите на училиштата имаат обврска. Има препораки како наставникот треба да ги изведе учениците, на која одалеченост од училиштето и после проверката да си ги врати назад на настава. Во однос на превозот е одговорност на градоначалниците, рече Јаневска.

Министерката за образование ова го кажа како надополнување на одговорот на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на пратеничкото прашање на Рина Ајдари од Алијансата на Албанците за лажните дојави на бомби во тетовската гимназија и заминувањето на децата од училиштето.

Министерот Тошковски рече дека појава на лажни дојави на бомби имало во повеќе градови и дека се постапува согласно антитеростички протокол секогаш кога станува збор за каква било дојава на бомба без разлика дали е таа во училиште или некаде на друго место каде има поголем број граѓани.

– Сакам да ве уверам дека постапуваме согласно стандарди и протоколи како и останатите европски земји, соодветно делуваме и делуваме и превентивно во рамки на сите оние дејствија кои треба да ги превземеме, но факт е дека мора кога има ваков тип на дојави на бомби согласно протоколот мора да се напушти објектот, мора да се изврши евакуација итн, рече Тошковски. Тој додаде дека не се согласува со пратеничката дека МВР не постапувало соодветно, туку напротив дека сега многу подобро МВР се справува со ваквите појави.

Тошковски рече дека при појава на проблеми се прават обиди тие во најбрзо време да се решат, нагласувајќи дека безбедноста на граѓаните особено на децата е прв приоритет.

Ве уверувам дека максимално се преземаат дејствија во надлежност на МВР, рече Тошковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јаневска: Има доставено детално разработено упатство за…

Упатството за постапување по дојави на бомби…

(Видео) Мециновиќ: Владата води историски најопасна надворешна…

На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот…

Зеленски: Предлогот за завршување на војната следните…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави…

Џафери: Среќна Нова 1949!

Пратеникот на ДУИ, Талат Џафери, денеска од…

СДСМ: Предавството на Македонија во живо, во…

Резолуцијата на СДСМ не беше предадена во…