Јаневска најави можно затворање на универзитети во земјава
Министерката за образование Весна Јаневска најави можно затворање на универзитети низ земјата. Изјавата ја даде на новинарски прашања од Охрид, каде е дел од владината делегација која е во посета на општината.
Прашана, кој е епилогот од досегашните активности за „чешлање“ на универзитети, таа одговори:
„На повеќе места има неправилности во работењето и ние се обидуваме тоа да го поправиме на секој можен начин. Во моментов, се уште работиме по пријава на одредени личности или група на наставници. Но, она што е добро, за разлика од минатото кога Агенцијата за квалитет на високото образование воопшто не функционираше, односно само доделуваа акредитации кои требаше и не требаше, проработе Агенцијата. Со оваа Влада, се разбира, и почнавме евалуации“, изјави министерката Весна Јаневска.
Во продолжение на одговорот, се осврна на детали од евалуациите. Не кажа конкретни имиња на институции, но сподели бројки.
„Првите евалуации кои се прават со странски експерти покажуваат во одредени универзитети добро работење, но во одредени универзитети ќе бидат одземени акредитациите. Но, има временски рокови за тоа и ние ги почитуваме. Законот го почитуваме. Како ќе поминат роковите за жалба или евентуално ако може нешто да се поправи, така тие што не поправуваат ќе бидат затварани. И тоа постепено се случува.
Досега се затворени 18 институти и еден приватен факултет – висока стручна школа. Во процес сме на затворање на уште, не ме фаќајте за збор, ама пет-шест институти сигурно и правиме проверка или мониторниг во најмалку уште пет универзитети“, изјави Весна Јаневска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јаневска најави можно затворање на универзитети во…
Министерката за образование Весна Јаневска најави можно…
Аларм во Просветен инспекторат: Каде е и…
Извори на Инфомакс алармираат за неправилности во…
Пратениците гo намалија бројот на стипендии за…
По скратена постапка денес во Собранието беа…
Јаневска: Доколку не вложуваме во вештачката интелигенција…
Вештачката интелигенција е реалност. Таа не е…
60 проценти покачување на платите за наставниците…
Најмалку 60 проценти покачена плата ќе имаат…