Јаневска: По малку разбирам албански, но ќе го усовршам кога ќе имам време
„Доколку имам повеќе време ќе се потрудам да го доусовршам мојот албански јазик“ изјави министерката за образование Весна Јаневска за весникот ВЕЧЕР по забелешката од коалициониот партнер во Владата, ВРЕДИ дека наместо да се чувствува лошо што додека Биљал Касами зборува македонски и албански, таа, и покрај тоа што живее во повеќејазична средина не знае ниту еден збор на албански.
Министерката Јаневска во неделата за време на новинарските прашања му сугерираше на градоначалникот на Тетово да зборува и на македоснки јазик. Таа изјави дека по настанот со Касами се разделиле пријателски и не знае од кои мотиви ВРЕДИ реагира.
Нејзината реакција до градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, освен на албански јазик, на новинарски прашања да одговара и на македонски јазик, се случи неделата на настан посветен за промоција на знаењето.
Јаневска вели дека недоразбирањето настанало кога градоначалникот планирал да ги одговори сите прашања, па потоа да каже на македонски за што станува збор.
„Јас сум министер кој што од стапувањето на функцијата интензивно понекогаш и агресивно промовирам соживот во државата и тврдам дека ова е наша заедничка држава и тоа неколкупати сум го искажала и она што вербално го искажувам го спроведувам на дело . Бевме собрани во Тетово на убав настан, за промоција на знаењето. Натанот почна на албански јазик со албанско писмо, на настанот имаше говори и на албански и на македонски јазик, недоразбирањето настана за време кога ние дававме изјави, јаас на македонски, градоначалникот Касами на албански јазик. Тој имаше повеќе прашања и јас најљубезно го замолив по првото прашање накратко да не информира за што станува збор“, вели за весникот ВЕЧЕР министерката за образование и додава дека разбира по некој албански збор, но оти убаво не го зборува и не е сигурна дали добро го разбира.
ВЛЕН ја нарече Јаневска фрустритана, ја искара затоа што не разбира албански јазик
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јаневска: По малку разбирам албански, но ќе…
„Доколку имам повеќе време ќе се потрудам…
Вреди: По месеци ѓубре, Скопје и Чаир…
По месеци давење на градот во лоша…
Мицкоски: Имам добро мислење за Беким Сали,…
Вреди нема да добие ресор повеќе во…
Левица: Државата остана без народен правобранител за…
ДРЖАВАТА ОСТАНА БЕЗ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ ЗА ВРЕДИ…
До крајот на месецов ќе се знаат…
Процесот на избор на кандидати за градоначалници…