Јаневска: Поништени се две дипломи на Славјанскиот универзитет
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска откри сериозни нерегуларности во работата на Славјанскиот универзитет, кои резултирале со поништување на две дипломи. Според неа, утврдени се случаи каде биле полагани по 14 или 17 испити во само една сесија, како и правење на несоодветни еквиваленции на кредитите.
Еден од највпечатливите пропусти е пронајдена диплома од 2016 година, која содржи печат со новото уставно име на државата, иако тоа е променето две години подоцна.
„Диплома од 2016 на која има печат со Република Северна Македонија. Вие знаете дека тогаш ние го имавме нашето омилено име. Името е променето во 2018 година“, изјави Јаневска.
Министерката посочи дека целиот случај е веќе доставен до Јавното обвинителство. Таа предупреди дека доколку се потврдат сомнежите за фалсификат, високообразовната установа ќе се соочи со строги санкции.
„Доколку се докаже, а сигурно ќе се докаже фалсификатот универзитетот ќе има сериозни последици“, додаде Јаневска.
Оваа изјава министерката ја даде пред почетокот на панел-дискусијата „Училницата на иднината: Вештачка интелигенција, знаење и новата улога на наставникот“, која се одржа во рамки на кампањата „Магијата е во знаењето“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јаневска: Поништени се две дипломи на Славјанскиот…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска,…
Шеснаесетгодишници нападнале врсник и му се заканиле…
Двајца шеснаесетгодишници се сомничат за кривични дела…
Трамп му се закани на Иран: Прифатете…
Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави порака…
Капки врел сунѓер откриени на јакната на…
Обвинителството денеска во судницата изнесе серија материјални…
Папата му врати на Трамп: се надевам…
Папата Лав XIV реагираше на забелешките упатени…