Јани Бојаџи се откажа од снимање на својот филм, им се налути на Министерството за култура и Агенцијата за филм

t

Режисерот Јани Бојаџи објави дека се откажува снимањето на филмот „Татко“ еден од проектите кои беше одреден да добие финансиска поддршка за 2026, а за тоа ги обвини Министерството за култура и Агенцијата за филм, за кои рече дека водат „комуњарска и северџанска политика“.
„Ја поддржувам во целост одлуката на Дејан како продуцент. Нема да дозволиме да бидеме понижени и обесправени! Нема да бидеме параван зад кој со нашите имиња на вистински уметници и филмски автори Министерството за култура и Агенцијата за филм ќе ги играат нивните комуњарски и северџански игри! Им благодарам на сите соработници кои овие 4 години беа заедно со нас во развојот на овој филм инспириран и посветен на Македонија и мајката земја. Борбата продолжува! Ќе победиме. И без нив“, објави Бојаџи.
Претходно се огласи и продуцентот Дејан Милошевски во име на „Revolution production“ и соопшти дека филмот нема да се снима, како и дека се откажуваат од доделените средства.

„Ја известуваме јавноста дека се откажуваме од реализацијата на долгометражниот игран филм со работен наслов „ТАТКО“, според сценарио и во режија на Јани Бојаџи.

Оваа одлука е донесена по внимателна анализа на условите и околностите во кои требаше да се реализира проектот.

Оваа одлука не е донесена лесно. Напротив, таа е резултат на нашето долгогодишно искуство и настаните со кои се соочуваме во последните години.

Одбиваме да бидеме дел од оваа перфидна игра на Министерството за култура и Агенцијата за филм која нас како уметници не става во понижувачка и недостојна позиција и очекува да бидеме параван за лукративните и антифилмски цели на оваа, според сè што се случува во години наназад, тенденциозна филмска администрација.

Поради тоа, донесовме одлука да се откажеме од проектот „ТАТКО“ и од доделените средства.
Им благодариме на сите соработници, актери, партнери и поддржувачи кои веруваа во овој проект“, објави Милошевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јани Бојаџи се откажа од снимање на…

Режисерот Јани Бојаџи објави дека се откажува…

Условна казна за членот на обезбедување во…

На денешното рочиште обвинетиот призна вина и…

Јавноста згрозена од измамата со млечни производи:…

Откако Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ)…

Девизните резерви во Македонија изнесуваат 5,2 милијарди…

Девизните резерви на крајот од април оваа…

Полицијата изрече 16.885 казни во мај: Најмногу…

Во текот на изминатиот месец како резултат…