ЈПДП потсетува: Од 15 јуни лентите за MTAG ќе бидат исклучиво за корисници со електронски тагови

t

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) потсетува дека согласно со оперативните измени во функционирањето на системот за наплата на патарини, почнувајќи од 15 јуни годинава лентите означени за MTAG ќе бидат наменети исклучиво за корисници на електорнски тагови.

Со наведената измена, вршењето на наплата со MCard на овие ленти се укинува, а корисниците кои користат MCard ќе ја реализираат наплатата на останатите достапни ленти на наплатната станица, согласно со нивната намена.

ЈПДП укажува и апелира до корисниците на строго почитување на вертикалната и хоризонталната сигнализација, како и на информативните електронски табли поставени пред и на самите наплатни станици, каде е извршена јасна категоризација на лентите по вид на плаќање: електронска наплата (MTAG / MCARD) и готовинско плаќање (CASH).

Воедно, за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, корисниците се должни да ја следат сигнализацијата за статусот на лентите: зелена стрелка – означува активна (отворена) лента, додека црвен икс (X) – означува затворена лента

Непочитувањето на означувањето и намената на лентите, посочуваат од ЈПДП, може да предизвика застои во сообраќајот и да влијае врз безбедноста и ефикасноста на сообраќајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЈПДП потсетува: Од 15 јуни лентите за…

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) потсетува…

„Албанија не е на продажба“: Протестите против…

Сѐ помасовни се протестите во Албанија против…

Пијан и без возачка предизвикал сообраќајка и…

ОВР Дебар поднесе кривична против А.Љ.(29) од…

Пијан седел на клупа во парк во…

Загребската полиција привела 30-годишен маж кого го…

Обвинителката уште нема одговорено по жалбата за…

Одбраната на ексдиректорот на Царина Стефан Богоев…