ЈСП за Жичницата на Водно: По половина час ефективно работење следува пауза, од економски причини

t

ЈСП Скопје ја информира јавноста дека во врска со настанот кој се споменува во јавноста, а во кој се наведува дека „граѓани се карале со вработени од жичницата на Водно поради пауза во недела кога имало голем број посетители“, станува збор за ширење лажни информации и неточно толкување на работното време на жичницата.

– Жичницата „Милениумски крст“ има утврдено работно време, кое вработените доследно го почитуваат со години. Во прилог доставуваме фотографија од информативната табла поставена на Средно Водно и на врвот на Водно, на која јасно е наведено дека по половина час ефективно работење следува пауза од половина час, од економски причини, односно поради потрошувачката на електрична енергија при континуирано работење кога нема голема посетеност, велат од претпријатието. 

– Доколку има поголем број патници, паузите не се применуваат и жичницата сообраќа континуирано. Според нашата евиденција за продадени билети, таков случај денеска не е евидентиран. Посоченото работно време е во согласност со Одлуката за работно време на објектот, известија вчера од ЈСП.

Потсетуваат дека жичницата не работи секој понеделник и секој последен вторник во месецот, поради редовни сервисни активности.

Во однос на транспортерите за миленици, на располагање се два транспортера за превоз на домашни миленици (кучиња со мал и среден раст) Дозволен е и превоз на куче-придружник за лица со попреченост.

Врз основа на одлука донесена од Управниот одбор, одобрен е превоз на куче-придружник и во автобусите на ЈСП Скопје, како и на Жичницата Средно Водно.

Граѓаните пројавуваат голем интерес за посета на Водно и активно ја користат жичницата. Податокот дека околу 3.000 лица само за време на викендите во овој период од годината ја посетиле жичницата, говори за значајниот бенефит што скопјани, посетителите од другите градови и странските туристи го имаат од нејзиното функционирање, порачаа од ЈСП. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЈСП за Жичницата на Водно: По половина…

ЈСП Скопје ја информира јавноста дека во…

Можно е редуцирање на линиите на ЈСП…

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги известува корисниците…

79-годишен скопјанец претепан од возач на автобус,…

Вчера (09.01.2026) околу 08:30 часот во СВР…

Жена тешко повредена во автобус на ЈСП

Жена од Скопје се здобила со тешки…

ЈСП не доби К-15, вработените најавуваат тужба

Вработените на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) 2025-та…