„Ќе ве удриме каде што најмногу боли“ – Трамп со нови закани кон режимот во Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран, кој се соочува со масовни протести, е во „голема неволја“, повторно предупредувајќи дека може да нареди воени напади.
„Иран има големи проблеми. Се чини дека луѓето ја преземаат контролата врз одредени градови, нешто што никој не мислеше дека е можно пред неколку недели“, рече Трамп.
На прашањето каква е неговата порака до иранските лидери, тој одговори:
„Подобро да не почнувате да пукате, бидејќи и ние ќе почнеме да пукаме“.
Американскиот претседател додаде дека ако властите „почнат да убиваат луѓе како што правеле во минатото“, САД ќе интервенираат. „Тоа не значи копнени трупи, туку значи да ги удрат многу, многу силно таму каде што најмногу ги боли“, нагласи Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Ќе ве удриме каде што најмногу боли“…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран,…
Хамнеи: Иран нема да попушти пред протестите,…
Иранскиот Врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи,…
Трамп му се закани на иранскиот режим,…
Иранските демонстранти извикуваа и маршираа низ улиците…
Еруптираат протестите во Иран: Протераниот принц Пахлави…
Невладината организација за човекови права во Иран,…
Масовни протести низ Иран, исклучен интернетот во…
Масовни антивладини протести се одржуваат низ целиот…