Ќе добиеме ли македонски „Белград на вода“ со законските измени? – О2 предупредува дека големите хотели стануваат градби од државно значење
О2 Иницијативата повикува на попладневната стручна расправа во Министерството за транспорт, каде предмет на расправата се предложените измени и дополнувања на Правилникот за урбанистичко планирање.
Како што предупредуваат од организацијата, со нив министерот за транспорт, Николоски ги внесува хотелите и хотелските комплекси со површина над 1000м2 како градби од државно значење.
„Ова прашање е од исклучителна важност, особено по посетата на милијардерот Мохамед Алабар на земјава, кој го изгради „Белград на вода”. Менување на закони и правилници за остварување на приватни бизнис интереси, под наметка на државен интерес, заобиколувајќи ги веќе уредените постапки за изградба на хотели и хотелски комплекси, исклучувајќи ја јавноста (нема јавна анкета), е уривање на и онака кревките правила во урбанизмот, каде и што може да се гради, отворајќи врата за силување на просторот, наметнувајќи градби онаму каде не им е место, со неможност на локалното население да влијае врз одлуката“, велат од О2 Иницијативата.
viber slika
Ова е 10-та измена на Законот и Правилникот за урбанистичко планирање на оваа Влада, за година и седум месеци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе добиеме ли македонски „Белград на вода“…
О2 Иницијативата повикува на попладневната стручна расправа…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче за патарините да не глуми…
Филипче од опозиција глуми социјалдемократ, а на…
(Видео) Многу невкусен потег… Стојановска објави видео…
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска направи многу…
Филипче: Не може работниците да протестираат, а…
Срамно е оваа влада на која што…
Мицкоски го корегираше „коректорот“: Им се обрати…
Прво да се донесе закон и потоа…