Ќе има ли проверки за „фантом-вработени“ во здравството – Алиу без конкретен одговор
Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се спроведуваат дополнителни внатрешни проверки за евентуално постоење на таканаречени „фантом-вработени“ и во други клиники и институти, Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека ревизорските контроли во здравствените институции се спроведуваат согласно годишна програма на Државниот завод за ревизија, при што дел од клиниките веќе биле опфатени со проверки.
„Ревизорите имаат годишна програма со којашто спроведуваат ревизија во институциите. За оваа година беа опфатени неколку клиники, а за следната година ќе имаме средба за да дефинираме каде ќе се спроведуваат вакви процеси“, изјави министерот.
На прашањето дали тие внатрешно ќе направат проверка, Алиу нагласи дека законските одредби се јасни и мора да се почитуваат, додавајќи дека секое неоправдано отсуство од работа треба да биде санкционирано.
„Законите се многу јасни и треба да се почитуваат. Ако не се доаѓа на работа, се знае дека по три дена треба да се реагира. Затоа го имате системот со фингерпринт, кој е функционален. Јас лично се чекирам кога доаѓам на работа, за да покажеме дека системот може да воведе реде и тој многу брзо ќе биде дел од сите клиники и здравствени институции, за да можеме да ги наградиме тие што доаѓаат на работа и исто така да можеме да преземеме мерки кои се предвидени со закон за тие што сакаат или ќе го третираат законот како што тие мислат дека треба да се третира“, рече Алиу.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе има ли проверки за „фантом-вработени“ во…
Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се…
Владата го усвои предлог законот за заштита…
Владата денеска го усвои Предлог-законот за заштита…
(Видео) Д-р Ѓорѓиевски: Да бидеме хумани и…
Во рамки на националната кампања под мотото…
По 10 години се ажурира листата на…
Министерот за здравство, Азир Алиу, соопшти дека…
(Видео) БЕЗ ПЛАТА НЕМА РАБОТА! Протести на…
Вработените во Македонска Пошта денеска протестираат во…