,,Ќе молчиш или ќе зборуваш?“ – Стоп за Усје со директен апел до инфлуенсерите

t

Профилот Стоп за Усје објави јавен повик упатен до инфлуенсери и јавни личности, барајќи поддршка за, како што наведуваат, борбата за чист воздух во Скопје.

Во објавата се порачува дека станува збор за „итна борба што не смее да чека“ и дека оние кои имаат публика и влијание имаат и одговорност да го искористат својот глас.

„Имате публика. Имате внимание. Имате влијание. А сите ние имаме итна борба што не смее да чека“, стои во пораката, во која се нагласува дека ова не е реклама, туку повик за заземање став.

Во објавата што ја споделија доминира пораката „Ни треба твојот глас“, со апел до инфлуенсери и јавни личности да застанат зад иницијативата за чист воздух во главниот град.

Од профилот потенцираат дека здравјето не смее да биде подредено на профит и дека, според нив, „децата заслужуваат воздух што не ги труе“. Во пораката се поставува и директно прашање:

„Дали ќе молчиш или ќе бидеш дел од промената?“

Темата за квалитетот на воздухот во Скопје повторно се отвора во јавниот простор, а повикот ја става во фокус и улогата на јавните личности и дигиталните креатори во општествените прашања.

Останува да се види дали и кој ќе одговори на апелот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

,,Ќе молчиш или ќе зборуваш?“ – Стоп…

Профилот Стоп за Усје објави јавен повик…

КАЛАЈЏИЕВ ДОБИ КАЗНА ОД „СЕЈФ СИТИ“: Возел…

Професорот по кривично право Гордан Калајџиев ја…

Зоран Заев се уште не поднел тужба…

-Јавно барам извинување од пратеникот Петрушевски и…

Новите ДДВ правила ги забавија пратките, Пошта…

„Пошта на Северна Македонија“ информира дека работи…

Трамп: Неуспехот на преговорите би имал трауматски…

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторник изјави…