Ќе растат платите само во администрација? УПОЗ потврди, вo четврток средба во Владата за преговори за раст на платите
Синдикатот на УПОЗ потврди дека в четврток во 16.45 часот во Владата ќе седнат на маса за преговори во врска со барањата на Синдикатот за зголемување на платите на вработените во управата и правосудството.
Од Синдикатот на УПОЗ, меѓу другото, посочуваат дека Владата, според нив, веднаш излегла со понуда за зголемување на платите на работниците во управата и правосудството по протестот одржан на 28 јануари.
– Нагласуваме дека вработените имаат право на веќе стекнати права утврдени со колективните договори и новото зголемување на платите ќе значи дополнително материјално право, нешто за што Синдикатот на УПОЗ се залага – стои во соопштението од УПОЗ.
Премиерот Христијан Мицкоски в четврток попладне ќе се сретне со Синдикатот на УПОЗ. Средбата е закажана за 16.45 часот, а доаѓа откога Мицкоски даде понуда за раст на платите за која УПОЗ рече дека е прифатлива и дополнително ќе се разговара во рамките на синдикалните организации.
Претходно, понудата на Владата беше прифатена и од КСС, предводен од Благоја Ралповски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе растат платите само во администрација? УПОЗ…
Синдикатот на УПОЗ потврди дека в четврток…
Обвинителство отвори предмет за петте тони марихуана…
Обвинителството во Северна Македонија има оформено предмет…
(Видео) ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НИШ СПРЕЧИ ФИЛМСКИ ГРАБЕЖ…
Градоначалникот на Ниш, Драгослав Павловиќ, на 1…
„Дејан, седум твои колеги и другари загинаа,…
Марија Петрушева, мајка на загинатиот Андреј во…
Доктори од софиската болница „Пирогов“ добија признание…
Лекари од Универзитетската болница за активен третман…