Ќе се испитува дали заловеното животно е волк или мелез
Животното што синоќа беше пронајдено во скопско Козле и пренесено во карантин во Скопје ЗОО допрва ќе биде предмет на испитувања од Агенцијата за храна и ветеринарство(АХВ).
Главниот зоонегувател Сашо Панчев за весникот „Вечер“ вели дека по физиономијата и по карактеристиките животното силно наликува на волк, но дека постои можност да станува збор и за мелез од раса куче со слични физички особини.
Портпаролката на ЗОО Скопје, Тина Мицковска, објавила дека животното било мирно, исплашено и затекнато пред згради во Козле со синџир околу вратот, што дополнително ги засили сомнежите дека претходно било чувано во домашни услови.
Од ЗОО Скопје потсетија дека чувањето диви животни како миленици е забрането и опасно.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе се испитува дали заловеното животно е…
Животното што синоќа беше пронајдено во скопско…
Ѓорѓиевски: Најдобар прв квартал во историјата на…
Најдобар прв квартал во историјата на Скопје…
Без вода и струја повеќе делови од…
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради…
Физички ја нападнал партнерката и ѝ се…
Скопјанка пријавила во полиција дека нејзиниот партнер…
Видео: Скопјанска си вози со автомобилот низ…
Скопјанка лабаво „се шета“ со колата низ…