Ќерката на Битиќи матурантка: „Жал ми е што не успеав да ѝ отворам европски врати овде во татковината“
Синоќа матурантка беше ќерката на пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, а емотивната објава сподели тој со јавноста преку својата објава на социјалната мрежа Фејсбук.
Во објавата, освен што изрази гордост и љубов кон својата ќерка Калтрина, Битиќи не ја сокри ни разочараноста што, како што напиша, не успеал да ѝ овозможи повеќе шанси и европска иднина во сопствената татковина.
„Вечерва се чувствувам горд и полн со емоции – како вчера да беше кога првпат ја однесов во градинка. Денес стои пред мене како матурантка со животен сјај во очите и соништа пред себе.
И покрај сите мои обиди и желби, жал ми е што не успеав да ѝ отворам европски врати, да ѝ овозможам повеќе перспективи и шанси овде, во татковината. Секој родител сонува да направи повеќе, да даде повеќе.
Но, знам едно – ти си борец, Калтрина. Ти си доволно силна, паметна и храбра да го најдеш вистинскиот пат, без разлика каде ќе те однесе животот. И јас секогаш ќе бидам тука, со срце полно љубов и поддршка“, вели Битиќи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…