Ќоку: БЕСА може да ја напушти Владата само ако ВЛЕН ја напушти Владата
Координаторот на пратеничката група на коалицијата ВЛЕН, Беким Ќоку, во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 зборуваше и за последните случувања во Движењето БЕСА.
Ќоку нагласи дека Движењето БЕСА може да ја напушти Владата само доколку ВЛЕН ја напушти Владата, додавајќи дека БЕСА е ВЛЕН, а ВЛЕН е БЕСА.
ТВ21: Дали може да се случи поради Фатмир Лимани Движењето БЕСА да ја напушти Владата?
Беким Ќоку: Движењето БЕСА може да ја напушти Владата само кога ВЛЕН ќе ја напушти Владата.
ТВ21: Ако излезе Движењето БЕСА, дали ќе излезе целосно и ВЛЕН?
Беким Ќоку: Не само ако излезе БЕСА ќе излезе ВЛЕН, туку секоја одлука на БЕСА е одлука на ВЛЕН. БЕСА е ВЛЕН, ВЛЕН е БЕСА. И уште малку, затоа што се надевам дека нема да има ниту БЕСА, ниту ЛД, ниту АA, ниту Алтернатива, туку ќе има само ВЛЕН. И Биљал Касами ќе зборува и зборува во име на ВЛЕН, како што зборуваат Изет Меџити, Беким Сали, Арбен Фетаи и Беким Ќоку – како ВЛЕН.
ТВ21: А каде е Фатмир Лимани во оваа ситуација, со оглед дека е министер?
Беким Ќоку: Во моментов е во структурите на Движењето БЕСА кои сè уште се функционални.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќоку: БЕСА може да ја напушти Владата…
Координаторот на пратеничката група на коалицијата ВЛЕН,…
Николоски: Започнат е дијалог за финалното решение…
Превозниците со протестите го остварија едно од…
Русија апелира до САД: Покажете здрав разум!
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…
Се подготвува ли напад? Америка воведува ограничувања…
Соединетите Американски Држави најавија воведување визни ограничувања…
Ѓорѓиевски: Граѓаните треба да бидат трпеливи, немам…
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во Топ…