Џафери: Среќна Нова 1949!

t

Пратеникот на ДУИ, Талат Џафери, денеска од собраниската говорница иронично ја „честиташе новата 1949 година“ и побара од дневниот ред да се повлече резолуцијата на власта за осуда на наводните манипулации на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција, како и точката за продолжување на кризна состојба поради мигрантската криза.

Џафери оцени дека со резолуцијата се врши цензура врз опозицијата и постави прашање зошто веќе 14 години се продолжува кризна состојба, ако е потпишан договорот со Фронтекс и се тврди дека нема да има мигрантски кампови.

На резолуцијата реагираа и Здружението на новинарите на Македонија и Синдикатот на новинарите, кои предупредија дека нејзините формулации можат да доведат до ограничување на слободата на медиумите и јавниот говор. Тие оценија дека поврзувањето на „дезинформации“ со кривични одредби остава простор за злоупотреби и обесхрабрување на новинарите, потсетувајќи дека за евентуални прекршувања веќе постојат механизми за саморегулација.

ЗНМ и ССНМ апелираат институциите внимателно да ги формулираат ваквите акти за да не се создаде впечаток на притисок или цензура врз медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џафери: Среќна Нова 1949!

Пратеникот на ДУИ, Талат Џафери, денеска од…

СДСМ: Предавството на Македонија во живо, во…

Резолуцијата на СДСМ не беше предадена во…

ЗНМ и ССНМ: каква било резолуција не…

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и…

Тошковски: „Безбеден град“ мора итно да започне…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од…

Пратениците на СДСМ ја напуштија собраниската седница…

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер…