Објавено на:

Австралија го депортира Новак, но Холандија го чека со раширени раце

t

„Новак Ѓоковиќ е добредојден во Ротердам“, изјави Ричард Крајичек, директорот на турнирот во споменатиот холандски град. Тој посочи дека вакцинацијата не е неопходна за учество, како што беше случајот со Австралија опен, каде светскиот рекет број еден не смее да го брани трофејот.
Српскиот тенисер неочекувано би можел да го заземе неговото место на турнирот во Холандија, каде прв и единствен пат настапи во 2010 година.
Трофејот во Ротердам го брани Русинот Андреј Рубљев, кој во Австралија неочекувано беше елиминиран од Хрватот Марин Чилиќ.

„Новак ќе оди на скијање во февруари за да се опорави од Австралија опен. Ги следиме правилата на холандската влада, Ѓоковиќ не прекрши никакви правила, па добредојден е и го знае тоа. Исто така, се трудам да немам мислење за тоа што му се случи во Австралија. Секој е слободен да не се вакцинира ако тоа е негов избор. Ние сме спортски настан, а тој е врвен спортист. Тој со години кажува дека ќе биде најдобриот играч на сите времиња и би било убаво да го пречекаме овде“, изјави Крајичек.


Директорот на турнирот во Ротердам изјави и дека не контактирал со Новак Ѓоковиќ, кој во моментов ужива во Србија и Црна Гора по сите лоши работи што му се случија на другиот крај на светот – Австралија.

Инаку, на турнирот во Ротердам, кој ќе трае од 7 до 13 февруари, треба да настапат 11 од 20-те најдобри тенисери во светот, меѓу кои и Данило Медведев , кој е вториот рекет на планетата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шамар од Холандија за Украина: Далеку сте…

Малку е веројатно дека Украина ќе добие…

Ѓоковиќ го освои турнирот во Рим

Новак Ѓоковиќ го освои турнирот во Рим…

Ѓоковиќ: Ова е за мојот народ!

Рим го доживеа пишувањето на тениската историја,…

Ѓоковиќ лесно го ,,скокна” 1/8 финалето и…

Нема дилеми, Новак Ѓоковиќ е во одлична…

Премиерот на Соломонските Острови ја нарече Австралија…

Премиерот на Соломонските Острови, Манасех Согаваре ја…