Таму се казнува, за разлика од кај нас: Падна холандската влада
Холандската влада падна, соопшти премиерот Дик Шуф по речиси двочасовен состанок на кабинетот. По оваа одлука, следуваат нови парламентарни избори, бидејќи сите министри од Партијата за слобода поднесоа оставки, објавија холандските медиуми.
Шуф, по состанокот објави дека следниот чекор ќе биде да оди во кралската палата во Хаг, каде што ќе му ја достави оставката на кралот. Од тој момент, министрите ќе продолжат да ги извршуваат само тековните работи.
Владата предводена од Шуф, започна со работа на 2 јули минатата година, но не траеше ниту една година. Холандскиот премиер рече дека ќе остане на функцијата како „премиер-министер“ и дека ќе продолжи да соработува со министрите од коалициските партии за решавање на клучните прашања, како што се меѓународните закани, трговската војна со САД и домашните проблеми во Холандија.
Тој смета дека повлекувањето на Партијата за слобода е „неодговорно и непотребно“, нагласувајќи дека владата е потребна за да продолжи да работи и да се справи со актуелните предизвици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата прави методологија струјата да не поскапи,…
Владата прави методологија за да се задржи…
Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…
Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…
Влада: Ставот на Китановиќ е личен и…
Владата излезе со јасен став во врска…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…
Холандија се откажува од Евровизија
Холандија нема да учествува на Евровизија следната…