Објавено на:

Австрискa министеркa: Не е прашањето дали ќе има прекини на струјата во Европа, туку кога

t

Веројатноста за прекини на струја во делови од Европската унија во блиска иднина е многу голема, тврди австриската министерка за одбрана Клаудија Танер.

„Мораме да се подготвиме за прекини на струја во Австрија и Европа, предупреди Танер, пренесува Н1.

Министерката Клаудија Танер во интервју за германскиот весник „Велт“ откри дека очекува наскоро да има големи прекини во снабдувањето со електрична енергија на територијата на Европската унија, пишува „Клајн цајтунг“.

„Не е прашање дали, прашање е кога тоа ќе се случи“, рече Танер.

Таа нагласи дека ризикот од широко распространети прекини на струја е значително зголемен поради војната во Украина.

„За Путин, хакерските напади врз западното снабдување со електрична енергија се средство за хибридна војна. Не треба да се преправаме дека ова е само теорија. Мора да се подготвиме за прекини на струја во Австрија и Европа“, рече Танер.

Таа изјави дека една третина од австриското население може да се најде во ситуации да живее без струја до четири дена, пренесе Индекс.хр.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гренланд ги демантира тврдењата на Трамп за…

Гренланд денеска ја оспори изјавата на американскиот…

Нетанјаху: Нема да го нападнеме Иран пред…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека не…

(Видео) ХАОС ВО ТИРАНА: Втора вечер судири…

Албанската полиција вечерва употреби водени топови против…

НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: Дрон погоди…

Нов инцидент во Црното Море дополнително ја…

Контејнерски брод потона во близина на Ормуската…

Контејнерскиот брод „GFS Pride“ потона во близина…