25 години години Охридски рамковен договор

t

Ohrid is Jazz…Jazz is Ohrid…

25 годишнината од потпишувањето на Охритскиот договор ја прославив во Охрид со едно уживање во изведбите на Македонскиот Џез Оркестар. Џезот е стара и мудра изразна форма во музиката. Не сум некој џезер но секогаш ме фасцинира неговата умешност различните инструменти и нивните звуци да ги слее во една извонредна хармонија. Џезот е слобода во која секој кој го сака може да најде свое место и да му донесе нова вредност. Па така на вчерашниот концерт на Македонскиот џез оркестар кој изведуваше нумери инспирирани од македонскиот фолклор извонредно се вклопи и саксофонистот од Гана…..Публиката беше воодушевена од перформансот.

Но да се вратам на Рамковниот договор. Македонија е во својата суштина историски поставена како најдобриот џез оркестар во Европа. Ретко која земја на континентов може да се пофали со такво богатство на различности како што е ова кое го има Македонија. За жал овој потенцијал на Македонија се чини како ние самите кои сме овде дека сме единствени кои не го препознаваме она што навистина не прави посебни и богати.

Крајот на втората светска војна ни донесе слобода и држава но на мала врата ни прошверцува и некои од балканските атавизми и национални фрустрации на други национални колективи. Долга е таа приказна на која ќе се осврнам во повеќе детали ви некоја друга прилика. Како и да е , по војната тие прошверцувани атавизми навлегоа во македонското национално ткиво па почнавме да ја блуритраме македонската хармонија на различностите. Почнавме да забораваме дека си векови наназад сите ние на ова парче земја без разлика на нашата етничка припадност сме си помагале едни со други за да опстанеме на ова исклучително ветровито парче земја. На оваа тема го направив и сценариото на документарниот филм Кодот на Преспа во кој три албански и три македонски семејства се побратимени во четири генерации пренесувајќи ја гордо својата традиција на секоја нова генерација. За жал оваа култура на заедништво денска постои во мали и изолирани енклави како што е мојата Преспа но надвор од интересот на институциите кои не успеваат да се де контаминираат од увезените атавистички вируси.

Посебна одговорност за замаглувањето на македонската есенција има мнозинската етнички македонска популација која дозволи влез на голема врата на националистичкото лудило од патолошки размери инспирирано од Добрица Ќосиќ и операционализирано од апаратчикот Слободан Милошевиќ. Нивната омраза кон се што не е српско и особено не православно кон крајот на 80” години од минатиот век лесно се одомаќини кај нас во Македонија. Нивната омраза кон не словенското и не православно население на Балканот со акцент на Албанците инструментализирана со сета сила на институциите и масовна манипулација на јавното мислење меѓу Македонците внесе агенс на омраза кон оние со кои во мир и хармонија сме живееле низ вековите и со кои заедно сме премостувале многу длабоки води. Ни се одомаѓини една (не)култура која ни наметна мислење дека Албанците во Македонија се некакви натрапници дојдени од некаде да ни ја земаат нашата земја. Па некако логично беше да ги замразиме, да почнеме масовно да ги нарекуваме “шиптари” целосно свесни за пежоративната конотација на тој израз цинично правдајќи ја со “па тие сами така се нарекуваат” . Стана нормално тие да не можат да бидат дел од државните институции, сем по некој од оние “добри Албанци” . До 2001 не беа ни 2% од нив во државниот апарат. Нивните музичари, уметници, интелектуалци не не интересираа. Тие едноставни беа третирани како страно тело во македонското национално ткиво. Аријан Дема за кој имав посебна почит но за кој неодамна дознав од словенечки продуцент дека се смета за еден од најдобрите гитаристи во поранешна Југославија, заврши како кафански музичар во Шпанија. Сеад кој никој денес не го знае денес ја испеа феноменално Лота во бендот Дизајн а потоа и стиховите кои сите ги потпевнувате “високи штикли и црни чорапи” со “Конкорд” си замина во Швајцарија да работи кој знае што. Или Бени, денес еден од подобрите актери кој се до 2002 фигурираше како “фантом” без државјанство ниту пак одговор зошто не му се доделува македонско државјанство што го доведе до состојба да не може да биде запишан на Факултетот за драмска уметност. Набројувам само неколку примери со кои сум лично запознаен а кои се доволна илустрација за овој мал осврт за дискриминацијата на која тие луѓе биле изложени. Ќе ве потсетам и тоа дека етничките Албанци пратеници во Собранието на СР Македонија како дел од СФРЈ, имаа право да зборуваат на албански јазик. Право кое потоа во независна Македонија која се декларираше како демократија им го одземавме тоа право матерјализирајќи ја најголемата еврејска клетва “да имаш па да немаш” која по правило раѓа зла крв.

Може да наведам уште многу примери кои сум ги забележал не како новинар туку како човек кој не видел зло кое може да се идентификува со еден или било кој народ за са истиот го доведете во подредена позиција. Може да дебатираме до 1001 и назад, да продаваме политички демагогии за имлеметации на ова или она. Суштината е во тоа да се соочиме со фактот дека во одредени геополитички, идеолошки, културолошки и други констелации Албанците во Македонија беа дискриминирани и од таа позиција да се обидеме да го согледаме Охридскиот договор. Се разбира последен сум кој ќе оправда и еден испукан куршум но Охридскиот договор треба да го видиме , не како политика туку како политичка дефиниција на суштината на Македонија како мултиетничка средина која себе си сака да се проектира во високо развиениот демократски свет. На таа цел го има правото бидејќи во својата историја создала култура која го заслужува тоа кое за жал ние не сакаме да го видиме.

Поимот “Македонец” на кој ние Македонците имаме ексклузивно право како словенски народ треба да го направиме комотен во него да се пронајдат сите кои на оваа територија живеат заедно со векови. И кога зборуваме за “Гордост” која толку се ветува треба да се каже дека ќе дојде токму од една високо цивилизациска позиција како народ и култура кој живее во хармонија со различностите. Како народ кој ќе звучи како вчера Националниот џез оркестар на Горни Сарај, совршено, воодушевувајќи ја цела публика која ја имаше од сите страни на светот.

Утрото дојдов до црквата Света Софија, запалив свеќа и се помолив да му ја врати мудроста на народот во кој е создадена.

П.С

Пред многумина од вас да почнат да ме пцујат и колнат замолувам да си дозволат еден мал момент и да помислат зошто љубезниот пазарџија, насмеаниот сладоледџија, љубезната медицинска сестра…. ги нарекуваме со збор кој знаеме дека ги навредува.

Пишува: Борјан Јовановски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ангелов: Внимавајте да не предизвикате пожар,…

Доволна е искра за вистинска катастрофа, предупреди…

Штипјанец кривично пријавен за измама, набавил 2,58…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе…

25 години години Охридски рамковен договор

Ohrid is Jazz…Jazz is Ohrid… 25 годишнината…

Три нови инвестиции оваа есен, најавува премиерот…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави три нови…

За неполни 24 часа два земјотреси во…

Два земјотреси се регистрирани во Македонија во…