Австрија сѐ уште го блокира влезот на Бугарија и Романија во Шенген

t

Австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер изјави дека Австрија, која се спротивстави на пристапувањето на Романија и Бугарија кон Шенгенскиот договор, е подготвена да го омекне својот став, но само кога станува збор за воздушниот сообраќај и дека „поради зајакнувањето на безбедноста на надворешниот дел на европските граници“, пренесува Блиц.
„Да, можно е да се замислат промени во однос на авионското патување на патниците од Романија и Бугарија“, рече Карнер во интервју за радиото ОРФ, а пренесува Ројтерс.

Тој посочи дека Австрија го условува олабавувањето на нејзиниот став за масовно зајакнување на заштитата на надворешните граници на ЕУ, додавајќи дека Австрија го испратила својот став до Европската комисија и дека „топката сега е на нивен терен“.

На состанокот на министрите за внатрешни работи на земјите-членки на ЕУ, одржан пред една година, Австрија се спротивстави на приемот на Романија и Бугарија во Шенген зоната, наведувајќи дека двете земји мора прво да направат повеќе за да ги спречат илегалните миграциски текови.

За австриската владејачка конзервативна Народна партија (ОВП), борбата против илегалната имиграција стана клучна тема во изборната кампања, а пред парламентарните избори закажани за следната година, екстремно десничарската Партија на слободата има јасна предност во анкетите на јавното мислење. , според Ројтерс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…

Македонија ја прегази Бугарија за финале на…

Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на…

МНР: Очекуваме Бугарија да ги преземе сите…

Република Северна Македонија е силно посветена на…

(Видео) Огромен пожар од Бугарија се движи…

Огромен пожар беснее кај Струмјани во Благоевградско,…