Македонија ја прегази Бугарија за финале на ЕП и место во А-дивизија!
Македонската кошарка има нови јунаци! Јуниорската репрезентација на Македонија на Европското првенство (ЕП) Б-дивизија ја победи и Бугарија (92-68) и така ќе игра во финалето во Скопје, а истовремено обезбеди место и во А-дивизијата.
По петте победи во групната фаза, избраниците на Андреевски ја исфрлија Португалија, а сега покажаа сила и во дуелот против Бугарите кои во овој натпревар влегоа со високи амбиции. Се водеше од почетокот до крајот на оваа средба, се одигра еден перфектен натпревар, кој чини многу за мак-баскетот.
Со оваа победа, Македонија покрај што се пласира во финалето, обезбеди место и во елитната дивизија во следното издание на еврошампионатот. Ќе следи и меч за титулата, со ривал кој допрва ќе биде познат. Македонија во мечот имаше предност од 19 поени (59-40), Бугарите се вратија на минус седум (69-62) на влезот во последните десет минути, но серија од 20-0 на Македонија ги реши дилемите околу победникот (89-62).
Марко Луканоски беше најдобар поентер кај Македонија со 20 поени и дури 16 скока, пред Атанасиј Трајанов и Никола Јаничиќ со по 17 поени, со тоа што Трајанов имаше и 11 скока. Двоцифрен ефект имаше и Лука Марјановиќ со 12 поени. Кај Бугарите, Теодор Трифонов заврши со 20 поени.
На патот до финалето, покрај Португалија и Бугарија во нокаут-фазата, Македонија славеше и над Ирска, Босна и Херцеговина, Чешка, Кипар и Украина во групната фаза. Во мечот за европската титула во Б-дивизијата, нашите кошаркари ќе играат со Полска или Австрија.
Финалето на ЕП Б-дивизија е закажано во недела во СЦ „Борис Трајковски“ од 21:00 часот.
Извор: ГОЛ.МК
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита…
Политиката се темели на разговори. Јас сум…
СОСЕДИТЕ ПРОФИТИРААТ ИАКО РУДАРСТВОТО ИМ СТАГНИРА –…
Бугарија минатата 2025 година произвела руда во…
Минималната плата во Бугарија во 2027 година…
Минималната плата во Бугарија за 2027 година…
Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради…
Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони…
Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со…
Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка…