Автопатот Кичево-Охрид ќе ја чека новата Влада…

t

Новиот договор за доизградба на автопатот Кичево – Охрид му е оставен на следниот состав на Собранието кој ќе треба да одлучи на кој начин по 10 години ќе продолжи проектот – дали со истиот изведувач или на крај ќе се бира изведувач којшто има покажано дека може да направи пат.

Ова денеска го изјави лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по увидот во изградба на локални улици во населба Хиподром, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

-Затоа сметам дека она што го направи Министерството за транспорт и врски е добра работа што се повика експерт којшто треба да направи анализа на се’ она што е направено досега, ревизија на она што е направено досега и Парламентот бидејќи се работи за договор којшто е со закон донесен, самиот договор е закон во Собранието Собранието во новиот состав да одлучи на кој начин ќе продолжи проектот – дали со истиот изведувач или на крај ќе се бира изведувач којшто има покажано дека може да направи пат, рече Ковачевски.

Собранието ќе треба да изгласа нов анекс на постоечкиот договор или да донесе нова одлука која што ќе ја дадат пратениците, по што проектот би продолжил откако ќе се формира новата влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски коленичи пред Гаши, ова е…

Малку требаше за Мицкоски да си ги…

Владата го усвои ребалансот на Буџетот

Владата го усвои ребалнсот, поточно дополнетиот предлог…

Именувани се в.д директори на Царинската управа…

Владата на денешната седница донесе повеќе кадровски…

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…