Филипче до Гир: Се сомневам во намерите на Владата воопшто да го продолжи европскиот пат
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, денеска оствари средба со Дејвид Гир чиј мандат како амбасадор на Европската Унија во Македонија завршува.
Филипче и Гир разговараа за теми поврзани со досегашниот мандат на евроамбасадорот и случувањата во земјата. Во разговорот, Филипче истакна дека е загрижен за насоката во која новата Влада ја води земјата, особено за иднината на евроинтеграциските процеси.
„Загрижен сум дека политиките на новата Влада може да предизвикаат трајно блокирање на евроинтеграциските процеси. Владата на ВМРО-ДПМНЕ во само неколку недели целосно ги наруши позициите на Македонија, отворајќи веќе затворени спорови со што шансите за продолжување на евроинтеграциите драматично се влошија”, истакна Филипче на средбата со Гир.
Претседателот на СДСМ пред евроамбасадорот го истакна и неговиот сомнеж околу намерите на Владата воопшто да го продолжи стратешкиот правец кон ЕУ и потенцираше дека уште на почетокот на работата на новата Влада земјата има нејасната иднина.
Во таа насока, Филипче го информираше Гир дека СДСМ како опозиција ќе се залага за реформи и јасни перспективи.
„Европската интеграција е стратешка цел на државата и СДСМ ќе продолжи да се залага за негување демократските вредности и заштитата на националните интереси. СДСМ како опозиција ќе се залага за реформи од страна на сите чинители во македонското општество. Напредокот во интеграцијата на нашата држава позитивно ќе се одрази на регионалната соработка, стабилноста и напредокот на земјата”, рече Филипче.
Филипче му се заблагодари на Гир за неговата посветеност и работа во земјава ангажирајќи се како вистински пријател на Македонија кој даде голема поддршка во остварување на државните стратешки цели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…
На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…
Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…
Мерц бара значително намалување на буџетот на…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека…