Адеми: Главната цел на оваа влада е реализација на ветувањето за прв премиер Албанец предложен од ДУИ

Албанец премиер во последните 100 дена ќе урне уште едно табу, рече во „Патот кон …“ на Алсат, Арбр Адеми од ДУИ, подвлекувајќи дека оваа иницијатива има целосна поддршка од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и другите албански опозициски партии.
„Секако да, главната цел на овој парламентарен состав и оваа влада, која ја има нашата максимална поддршка е реализација на ветувањето за прв премиер Албанец предложен од ДУИ и кој ја ужива поддршката не само од СДСМ, туку и од ВМРО-ДПМНЕ и другите албански опозициски партии, барем така е констатирано. Нашите кадри од ДУИ досега кршеа табуа, кршеа некои бесмислени предрасуди. На чело на сите институции во кои се нашите кадри докажаа дека ништо лошо не ѝ се случува на државата, вклучително и функцијата претседател на Собранието, првиот министер за надворешни работи…, така што нема ништо лошо со државата, напротив нејзините позиции кон развојот се зајакнати. Негувана е вредноста на еднаквоста“, рече Адеми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Мицкоски е директно одговорен, тој и трговците…
СДСМ се огласи по повод изјавата на…
Калајџиев: Политиката е таа што го корумпира…
Професорот Гордан Калајџиев говорејќи за реформите во…
СДСМ бара Таравари да поднесе оставка
Социлајдемократскиот сојуз бара од министерот за здравство…
СДСМ: Измамата со кошничката се гледа во…
„Зголемените трошоци за живот се претворија во…
СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?
„За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да…