Акар: Турција и Русија ќе имаат заеднички патроли во северна Сирија
Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар денеска изјави дека Турција и Русија може да формираат заеднички патроли во северна Сирија.
Тој на прес-конференција во турскиот Парламент ја коментираше неодамнешната трилатерална средба со неговите сириски и руски колеги во Москва.
– Нашата цел е одбрана на нашата земја и народ. За тоа, борбата против тероризмот е многу важен елемент, посочи Акар.
Истакнувајќи ги успесите на Турција во борбата против тероризмот, Акар истакна дека на своите колеги на трилатералната средба во Москва им рекол дека не е можно Турција да прифати повеќе бегалци.
Тој изрази надеж дека трилатералните разговори ќе продолжат „разумно, логично и успешно“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се деконтаминира „Вардариште“ за осум месеци ќе…
Процесот на „одгасување“ на поранешната депонија „Вардариште“…
Гаши од Рокас го прими Извештајот на…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши попладнево од…
Парите никогаш не биле во трезорот: Околу…
Најголемиот дел од околу 390 милиони евра…
(Видео) Поради хороскопот и „ретрограден Меркур“, министерката…
Невообичаената видеообјава на министерката за образование и…
По затварањето на Алта банка во Србија…
Менувачниците во Србија продале речиси 745 милиони…