АКО Е СО ЕВРОПСКО ЗНАМЕНЦЕ, НЕ ДОАЃА ПРЕДВИД; Претседателот нема да го потпише Законот за игри на среќа

t

Во вчерашното интервју за емисијата „360 степени” на МРТ 1 претседателот Стево Пендаровски даде коментар за Законот за игри на среќа истакнувајќи дека деновиве до него доаѓаат информации дека наводно во парламентарна процедура е овој закон повторно со европско знаменце.

– Не можам да верувам дека навистина до крај тоа ќе се случи, дека со европско знаменце вие би форсирале закон за кој е јасно уште отсега дека не постои јасна европска директива наспроти сите оние критики кои ги имавме и од САД кои не се членка на Европската Унија, а не пак само од евроамбасадорот тука во Скопје – истакна Пендаровски.

Тој додаде дека се надева дека Владата и покрај лавината од критики нема да ги турка законите кои нема потреба да бидат туркани со европско знаменце, затоа што според него, треба да има поширока општествена дебата бидејќи многу судбини, кариери, опстанокот на многу наши граѓани е засегнат со конкретниот закон и со некои други закони кои поминуваат во забрзана процедура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Манијак во Прилеп, се самозадоволувал пред малолетно…

СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Д.(34)…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…

Македонскиот пасош e рангиран на 41 место…

Македонскиот пасош е рангиран на 41-то место…

(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…

Тешка несреќа околу пладне се случила во…

Во 62 налети полициските хеликоптери исфрлија преку…

Денеска (26.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при…