Ако имате малку срце отворете ги украинските пристаништа: Директорот на програмата за храна на ОН го моли Путин

Официјална Москва денеска соопшти дека исполнувањето на повикот на ОН за отворање на украинските пристаништа на Црното Море за да се дозволи извоз на жито ќе бара преиспитување на санкциите кон Русија, пренесоа руските меидуми.
Директорот на програмата за храна на ОН (WFP) Дејвид Бисли вчера го повика рускиот претседател Владимир Путин да ги отвори пристаништата на Црното Море.
„Ако и малку имате срце, ве молиме отворете ги пристаништата“, рече Бисли.
FWP прехранува околу 125 милиони луѓе и купува 50 отсто од житото од Украина.
Рускиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Руденко денеска изјави дека „покрај обраќањето до Руската Федерација, мора длабоко да погледнете и во сложеноста на причините што ја предизвикаа актуелната криза со храна и, пред сè, има санкции од САД и ЕУ против Русија што ја попречуваат нормалната, слободна трговија, вклучувајќи ги и прехранбените производи, како пченицата, ѓубривата и другите производи”.
Украина, еден од најголемите светски производители на жито, извезуваше најголем дел од своите производи преку пристаништата на Црното Море, но е принудена да ги извезува своите стоки со железница или преку помали речни пристаништа откако руските војници извршија инвазија врз земјата.
Украина е спречена да ги користи пристаништата на Црно и Азовско Море, а во текот овој месец извозот на жито е преполовен во споредба со истиот месец минатата година.
Русија и Украина заедно произведуваат една третина од светските резерви на пченица. Украина е исто така главен производител на пченка, јачмен, сончогледово масло и маслодајна репка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Волстрит Журнал: Западот стравува од колапс на…
Загриженоста, наводно, доаѓа во време на големи…
Павел: Западот го прекрши ветувањето за Украина
Киев никогаш не добил соодветни резерви на…
Билд: Украинските војници користат „50-годишни стари Лади“
Киев никогаш не требаше да ја започне…
Захарова: САД замижуваат пред украинскиот теpоpизам
Вашингтон е де факто одговорен за нападите…
Уште една членка на НАТО остана без…
Помошта ќе продолжи, но на други начини,…