Објавено на:

Ако сте немале Ковид-19, најверојатно немате ни пријатели

t

Ако досега сте немале Ковид-19, најверојатно немате ни пријатели, објави на Фејсбук јужнокорејскиот лекар и потпретседател на јужнокорејското Здружение за вакцинација, Ма Санг-хјук, пренесува МИА.

Возрасните лица кои не биле заразени со Ковид, имаат проблеми во меѓучовечките односи, напиша Ма Санг-хјук, а по кратко време ја избриша објавата.

Во коментари на објавата на Ма имаше и критики од лица кои досега не биле заразени, а, не се сметаат за асоцијални.

Откако ја избриша објавата, Ма појасни дека се послужил со метафора и дека не го разбрале добро.

„Сакав да истакнам колку е тешко да се избегне вирусот во ситуација со висока стапка на заразени во близина“, наведе Ма.

Претходно, Бренда Крабтри инфектолог од Мексико, во една статија напиша: „Ако сега немате пријатели кои се заразени, немате пријатели“.

И двете изјави се дадени во време кога нивните земји беа погодени од нов бран на коронавирусот, предизвикан од сојот омикрон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…

Белата куќа соопшти дека САД и Русија…

Зеленски: Русија очигледно успеа да влијае на…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека верува…

Во денови на жалост Владата троши 400…

22 милиони 857 илјади и 961 денари…

Зградата на Општина Прилеп е ДИВОГРАДБА! –…

*Објава на Фејсбук на Зоран Милошески: -…

Прегазен пешак во Скопје, возачот побегнал

Вчера во 18.30 часот во СВР Скопје…