Владата го одобри Бесник Ферати за заменик-директор на АНБ
На денешната седница, Владата го одобри назначувањето на Бесник Ферати на позицијата заменик-директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), објавија медиумите на албански јазик пред неколку денови.

Оваа одлука е дел од напорите за понатамошно зајакнување на управувачките структури на агенцијата и за гарантирање на континуитетот на стабилноста и професионализмот во областа на националната безбедност. Бесник Ферати не е нов во оваа институција. Тој има долгогодишно и докажано искуство во рамките на Агенцијата за национална безбедност, каде што извршувал разни одговорни позиции, придонесувајќи за развој и спроведување на безбедносни политики на национално ниво.
Неговиот професионализам, интегритет и длабинско познавање на безбедносните прашања го направија почитувана личност во оваа област. Неговото назначување на оваа позиција доаѓа за нов четиригодишен мандат, што значи продолжување на неговата посветеност на зајакнување на капацитетите на АНБ и ефикасна координација со другите безбедносни институции. Се очекува Ферати да даде значаен придонес во соочувањето со новите безбедносни предизвици и во обезбедувањето заштита на интересите на оваа национална институција, стои во објавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АНБ формираше Центар за обука
Агенцијата за национална безбедност формираше Центар за…
Судир на шпионски мрежи во кабинетот на…
Странски служби мешетареле во кабинетот на претседателката…
АНБ: Луѓето што се обидоа да ја…
Агенцијата за национална безбедност (АНБ) информира дека…
Потпишан Меморандум за соработка меѓу Јавното обвинителство…
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад…
Скандал во АНБ Црна Гора: експлицитни снимки,…
Афера со протечени експлицитни снимки и фотографии…