Активни над 15 илјади случаи со COVID-19, регистрирани 184 реинфекции

t

Бројот на активни случаи со COVID-19 во земјава изнесува 15.576, а вкупниот број инфицирани од почетокот на епидемијата кај нас достигна 243.284.

Во последното деноноќие се направени 7.564 тестирања, а регистрирани се 1.635 нови случаи на COVID-19. Од новодијагностицираните, во главниот град се 785, а следни со најмногу заразени се Прилеп – 121, Битола – 110, Куманово – 78 и Кичево – 47.

Како што соопшти ресорното министерство, од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 184 реинфекции.

Регистрирани сe 1.276 оздравени пациенти, а починале девет пациенти, сите во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.700.555 тестирања на COVID-19. Бројот на оздравени пациенти е 219.616, а на починати е 8.092.

Поради нагорната линија на позитивни лица со COVID-19, се очекуваат надлежните да соопштат дали на време ќе почне второто полугодие од учебната 2021/2022 година, на кој начин ќе се одвива наставата или ќе има одложување.

Брзо ширење на омикрон сојот на коронавирусот има речиси во сите држави, а експертите предупредуваат дека врвот на инфекцијата допрва доаѓа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се отвора земјата со најстрог ковид режим: “Не сум…

Патници почнаа да пристигнуваат во Кина преку…

Камион удри во ожалостени пред крематориум во…

Камион удри во група ожалостени кои чекаа…

Во последните 24 часа направени се 665…

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…

Северна Кореја вели дека ситуацијата со коронавирусот…

Северна Кореја денеска увери дека ситуацијата со…

Денеска само 86 новозаразени – во изминатите…

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје,…