Акциска контрола на МВР во Битола: Уапсени неколку 60-годишници, но и малолетници
Во текот на вчерашниот ден од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола спроведена е акциска контрола на повеќе локации на подрачјето на Битола во рамки на “Безбедно лето 2023”.
Во текот на контролата во парк лоциран во близина на Саат Кулата во Битола, беа затекнати С.С.(38), М.Н.(63), М.Ж.(60) и С.М.(66), сите од Битола, како играат комар, при што кај нив биле пронајдени пари и други предмети. По документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На ул.”8″ во Битола, пак, од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција лишени од слобода се Џ.М.(21) и Т.В.(23), двајцата од Битола, бидејќи кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.07.2023 во времето од 00:00 до 01:00 часот од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција од СВР Битола извршена е контрола на угостителски објект лоциран на ул.„Фуштани“ во Битола, при што се затекнати 7 малолетници. Тие со потврда се предадени на родителите.
Исто така, ноќва во периодот од 00.00 до 03.30 часот извршена е контрола во 5 угостителски објекти во Битола, при што во два објекти се констатирани прекршоци кои ќе бидат соодветно санкционирани, информираа од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва предлага пакт со НАТО
Русија би можела да склучи пактови за…
Ѓорѓиевски: Ја обновуваме жичарата, Скопје повторно ќе…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска…
Мицкоски: Документ од 2023 година потврдува дека…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во Тема…
Украина и Русија договорија размена на заробеници,…
Украина и Русија договорија поголема размена на…
Блокот на Ајзенкот го доби првото гласање…
Политичкиот блок предводен од Гади Ајзенкот го…