Објавено на:

Акција на косовската полиција во Зубин Поток во северно Косово, запленето оружје и уапсено едно лице

t

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља објави дека во акција на косовската полиција во селото Угљаре во Зубин-Потоку, северно Косово, денеска биле откриени и запленети рачни бомби и долго оружје и дека едно лице е уапсено.

Свечља на својата Фејсбук страница, покрај информација за акцијата, објави и фотографијата на лицето кое е осомничено и уапсено.

Тој ја опиша денешната акција како уште еден успех во заложбите на Владата за „искоренување на криминалот и отстранување на криминалните остатоци од Србија“ во Косово.

– Нашата заложба за искоренување на криминалот и отстранување на криминалните остатоци од Србија во нашата земја продолжува успешно. Оружје и експлозивни направи, како рачни бомби, долги цевки, муниција, радио комуникации, панцири и технолошка опрема откри денеска косовската полиција при рација на локација во селото Угљаре во Зубин Поток. Лицето кај кое е пронајдено ова оружје и опрема е уапсено, а предметот е процесуиран во Обвинителството. Нема компромиси со криминалот, поединци или групи кои ѝ штетат на безбедноста на нашата земја и нашите граѓани, напиша Свечља.

Косовскиот министер за внатрешни работи порача дека институциите ќе работат на „заштита на државните интереси, безбедноста на граѓаните, владеењето на правото и редот во секој агол од државата“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Запалено српското знаме во Косовска Митровица

Непознати лица го запалиле српското знаме во…

Курти бара меѓународната заедница да ја притисне…

Меѓународната заедница да изврши притисок врз Србија…

Шпанскиот парламент ќе расправа за признавање на…

Предлогот на групата каталонски пратеници „Јунтс“ до…

Путин не ја исклучува можноста да испорача…

Русија го задржува правото да испорачува оружје…

Борел предложил да се укинат санкциите за…

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика…