Алармантно, стануваме се посиромашни: 40.000 денари се потребни за да преживее едно четиричлено семејство!

t

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во јуни изнесуваат 39.710 денари и во однос на јануари се зголемени за 3.399 денари или за 9,49 проценти, алармира Сојузот на синдикатите на Македонија, од каде информираат дека за една година синдикалната кошничка е зголемена за 5.498 денари односно 16 проценти. ССМ потсетува дека е потребно итно зголемување на платите.

„Порастот на цените и растот на инфлацијата која од месец за месец е сѐ поголема за месец јуни изнесува 14,5 проценти и влијае врз намалувањето на куповната моќ на работниците и доведува до осиромашување на целокупното население“, велат од ССМ.

Според ССМ, зголемувањето на минималната синдикална кошничка расте поради порастот на цените, а најголемо зголемување има токму кај храната и пијалоците.

„ССМ бара оваа пресметка на синдикалната минимална кошница, како и зголемувањето на трошоците за живот да бидат причина веднаш да се пристапи кон склучување на Општиот колективен договор за јавен сектор со зголемување на платите на работниците согласно порастот на минималната плата и истите да се зголемат платите за најмалку 2.806,00 денари во нето на секој работник во јавен сектор“, велат од ССМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ССМ: Да го заштитиме здравјето на работниците…

Во насока на справување со најавените високи…

Ристески најави нова потрошувачка кошничка од септември

Просечната потрошувачка кошничка е изработена и усвоена…

ССМ: Потребно е предвремено пензионирање, а не…

Сојузот на синдикатите на Македонија е сериозно…

ССМ: Да го заштитиме здравјето на работниците…

Во насока на справување со најавените високи…

ССМ: Македонија меѓу земјите со најсериозни прекршувања…

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) соопшти…