Аларм на Косово!? Граѓаните итно се повикани да носат маски
Националниот институт за јавно здравје на Косово ги повика граѓаните на Косово да носат маски во затворени простории и да се вакцинираат, по неодамнешното зголемување на случаите на инфекција со Ковид-19 во многу земји во светот.
Во објава на Фејсбук, НИЈЗК наведува дека пандемијата сe уште не е завршена, додавајќи дека во многу земји во светот е регистриран пораст на случаи на заразени со Ковид-19.
„Ковид-19 во Косово бележи тренд на зголемување на нови случаи, но за среќа немаме регистрирано смртни случаи. Институтот континуирано ги тестира и следи сите случаи, контактите на болните во заедницата и лабораториската дијагностика, така што сите лица со главоболка, кашлица, болки во грлото, отежнато дишење, течење на носот, треска и губење на вкусот, се препорачува да се тестира“, се вели во текстот.
Со цел зајакнување на имунитетот и спречување на нови случаи и тешки форми на болеста, НИЈЗК ги советува граѓаните да се вакцинираат.
Во Косово денеска се регистрирани 17 нови случаи на вирусот, а активни се вкупно 80 случаи на зараза. Изминативе денови е забележан пораст на позитивни случаи. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тинејџер од Кочани украл електричен тротинет, па…
На 06.11.2026 во 19:00 часот во Скопје,…
Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со…
Министерството за здравство спроведува две клучни мерки…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
АЛТА банка денес изврши исплата на средства…
Денеска во филијалата на „АЛТА банка“ АД…
Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…
Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…