АЛБАНИЈА ПРОНАЈДЕ ОГРОМНИ КОЛИЧЕСТВА НАФТА И ГАС ПОД ЗЕМЈА: Рама вели, ова е иднината за цела Европа
Албанскиот премиер Еди Рама најави дека се надева дека наскоро ќе може да излезе во јавноста со повеќе детали за многу важното откритие на гас и нафта во Албанија, за кое верува дека „ќе влијае врз иднината на земјата и енергетската иднина на Европа“, јавува Танјуг.
Се надеваме дека наскоро ќе можеме да споделиме со нашата јавност, регионално и пошироко, едно многу важно откритие направено од холандската компанија „Шел“ во нашата земја. Тие во моментов не сакаат да зборуваат за бројките. Знаците покажуваат дека можеби сме блиску до многу важно откритие на гас и нафта под земја, што ќе влијае на иднината на нашата земја, но ќе има улога и во енергетската иднина на Европа“, рече Рама, пренесе Танјуг.
Рама ова го соопшти во разговор со холандски бизнисмени кои моментално работат во Албанија, како и со потенцијални нови инвеститори заинтересирани да го прошират својот бизнис во оваа земја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пијан 29-годишник дивеел во полициска станица: Откако…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе…
Поднесено обвинение против Ендрју Тејт за трговија…
Романските обвинители денеска поднесоа обвинение против инфлуенсерот…
Млад кавадарчанец со фалсификувано свидетелство од скопско…
ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци…
Вучиќ: Подготвен сум да бидам премиер
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се…
Бројот на рецепти за лекови за слабеење…
Бројот на рецепти за лекови за слабеење…