Објавено на:

„Албанскиот Пабло Ескобар“, наркобосот Дритан Реџепи денеска ќе биде екстрадиран во Албанија од Турција

t

Албанската државна полиција соопшти дека најбараниот албански наркобос Дритан Реџепи денеска ќе биде екстрадиран од Турција во Албанија. Според соопштението екстрадицијата ќе се изврши како резултат на соработката меѓу Интерпол Тирана и колегите во Турција.

„Како резултат на соработката меѓу Интерпол Тирана и колегите во Турција, се очекува денеска во Албанија да биде екстрадиран многу бараниот државјанин Дритан Реџепи алијас Грамос Реџепи. Времето на пристигнувањето на овој граѓанин ќе биде објавено подолу, додека детални информации за него заедно со филмска снимка ќе ви бидат достапни по неговото пристигнување во Ринас“, се наведува во полициското соопштение.

Кој е Дритан Реџепи?

Во Италија го нарекуваат „албанскиот Пабло Ескобар“. Во Еквадор го нарекуваат „нарко-крал на Кито“ или „мозок на албанскиот картел“.

А кога бил таму во затвор, осудените го викале „Хулио“. Во Шпанија, „Господарот на бегствата“. Додека е во Албанија е познат едноставно по неговото име Дритан Реџепи од Валона.

„Дритан Реџепи денеска се бара во 7 земји. Но, две се најважни. Италија и Албанија. Со години бараат негова екстрадиција. Денес се смета на исто ниво со најважните шверцери на дрога во Јужна Америка. И покрај медиумските алузии за вистински албански картел воден од него, се чини дека ова ниво сè уште не е достигнато. На 27 јуни 2014 година, Дритан Реџепи беше уапсен во Еквадор, како дел од групата која беше фатен со 278 килограми кокаин. Но, 3 месеци никој не знаеше за неговото вистинско име. Имал три идентитети. Бил регистриран под имињата Јоанис Дионисопулос (грчко име) и Лулезим Муратај (албанско име). Тој целосно го променил својот изглед додека имал грчки пасош“, објави албанската телевизија Ора Њуз.

Телевизијата нагласува дека проверка на неговиот вистински идентитет вршел Одделот за дактилоскопија во седиштето на Интерпол во Лион. Отпечатоците од прстите откриле дека уапсениот е токму 34-годишникот од Валона, чие име се наоѓало на листата на 10 најбарани лица од Интерпол.

Дритан Реџепи, познат како „господар“ на бегствата, во тоа време не само што го барала Албанија, туку имало уште 4 земји заинтересирани за негова екстрадиција, почнувајќи од Италија, Холандија, Шпанија и Белгија.

Како заврши во турскиот затвор

Албанскиот нарко повторно беше уапсен во ноември 2023 година, по силниот притисок од странство. Италијанските и албанските агенции за борба против дрогата побараа од Еквадор да го екстрадира Реџепи. Меѓутоа, наместо да биде одведен на суд или затвор, Дритан Резепи се нашол во Турција, живеејќи во луксузна приморска куќа во предградие на Истанбул. Тој отпатувал таму со колумбиски пасош, на вообичаено и често користено јужноамериканско име, но италијанските агенти за наркотици го пронашле и ги известиле своите турски колеги, кои го уапсиле.

Иако во „плодната“ криминална кариера често бил во Еквадор или во затвор, сепак неговата криминална организација се ширела низ светот, основајќи транзитни станици во Грција, Романија, Унгарија, Италија, Шпанија, Холандија и Германија, до Дубаи и се разбира во Албанија. Во сите овие земји, во септември 2020 година, европските органи на прогонот уапсија 20 соучесници на Реџепи, по повеќемесечно следење на нивните движења. Но тоа не го заплаши Реџепи зошто неговиот наркоклан продолжи да функционира дури и кога тој беше во затвор. Исто така, побарувачката на кокаин во Европа и производството во Јужна Америка постојано се зголемуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Албанскиот Пабло Ескобар“, наркобосот Дритан Реџепи денеска…

Албанската државна полиција соопшти дека најбараниот албански…

Турскиот извоз лани достигна рекордно високо ниво…

Турскиот извоз лани достигна рекордно високо ниво…

Од денеска само Србија, Унгарија и Турција…

Русија запре со испораките на гас во…

Турција целосно ги прекина сите односи со…

Турција целосно ги прекина сите односи со…

Турција неутрализирала 3038 терористи во 2024 година

Турција во 2024 година спреведе сериозна борба…