Албанците од Косово, Македонија и Црна Гора нема да полагаат познавање на албанскиот јазик при добивање државјанство
Албанците од Косово, Македонија и Црна Гора повеќе не се обврзани да полагаат албански јазик при постапката за добивање албанско државјанство.
Законските измени објавени во Службен весник стапуваат во сила на крајот на овој месец.
Со измените, државјанство со посебна процедура ќе се издава и за странци, помлади од 18 години, кои не живеат во Албанија, но земјата е заинтересирана за нив во областа на образованието, науката, уметноста, културата, економијата и спортот, но со согласност на двајцата родители или законски старател.
Минатата година со албанско државјанство се стекнале 347 странци, додека годинава 159 лица. Најмногу барања за албански пасош поднеле косовски и турски државјани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен е 28-годишник од Косово, се обидел…
МВР информира дека синоќа во 21.10 часот…
По 100 евра за косовските пензионери и…
Косовската влада додели по 100 евра како…
ФБИ ќе го истражува терористичкиот напад на…
Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер изјави…
Турска компанија ќе гради фабрика за дронови…
Властите во Приштина веќе избрале кој ќе…
КФОР спроведе вежба за спроведување на одбранбениот…
Баталјонот на Западната регионална команда на мисијата…