Александар Чупиќ нема да учествува на самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел
Претседателот на Народното собрание и вршител на должноста претседател на Србија, Александар Чупиќ, нема да присуствува на самитот ЕУ – Западен Балкан, закажан за среда, 25 ноември, во Брисел.Делегацијата на ЕУ во Србија го соопшти тоа по средбата на Чупиќ со нејзиниот отправник на работите, Џулијан Васало.
Чупиќ изразил жалење што нема да може да учествува на самитот, на кој го покани претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. На средбата, на која присуствувале и претставници на Студентското движење, Чупиќ нагласил дека соработката со ЕУ и напредокот во реформите, особено во владеењето на правото, остануваат меѓу приоритетите на новото раководство.
Европската Унија на самитот ќе ја претставуваат Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, без учество на лидерите на земјите членки. На дневен ред се пристапувањето на земјите од регионот во ЕУ, нивната постепена интеграција, безбедносната соработка и дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Чупиќ беше избран за претседател на српското Собрание на 19 ноември, по победата на Студентската листа на вонредните парламентарни избори на 25 октомври. Со изборот за собраниски спикер тој привремено ја презеде и функцијата претседател на Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Александар Чупиќ нема да учествува на самитот…
Претседателот на Народното собрание и вршител на…
Гаши: Почитувањето на јазикот и идентитетот на…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка…
Г.г. Стефан му се заблагодари на Кирил…
Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска…
Припадници на Баталјонот на специјални сили спасија…
Припадниците на Баталјонот на специјални сили (БСС)…
Мицкоски: Избрана трасата за експресниот пат Кочани…
Почетокот на изградбата на експресниот пат што…